ПРЕДЛОГОТ НА ВЛАДАТА ОДИ ВО СОБРАНИЕ: Ќе се возиме, ќе патуваме и ќе ја носиме „северна“ во пасошите, возачките дозволи и личните карти

/ 19.01.2021

Владата денеска ги утврди текстовите на Предлог-законот за изменување на Законот за патните исправи на државјаните на Македонија, на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта и на Предлог-законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Како што соопшти владината прес-служба, утврдувањето на овие текстови е поради усогласување со законските решенија во Законот за употреба на јазиците, како и од аспект на рокот на замена на постојните патни исправи кои го содржат натписот „Република Македонија“ со патни исправи со новото уставно име на државата, запазувајќи го рокот наведен во членот 3 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите од 33 до 36 на Уставот на РС Македонија.

Од Владата најавуваат дека Предлог-законот за изменување на Законот за патните исправи на државјаните на РС Македонија, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта, како и Предлог-законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, ќе бидат доставени на усвојување во Собранието во редовна постапка.


Од истата категорија