Земјотрес со јачина од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала во 03:29 часот е почувствуван во југозападните делови од земјава.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот е на 145 километри југозападно од Скопје, во соседна Албанија. Земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда од четири степени.