Предновогодишен концерт на три воени оркестри во Скопје

/ 12.12.2019

Во Домот на Армијата во Скопје вечер ќе се одржи трилатерален предновогодишен концерт, на кој како заеднички оркестар ќе настапат припадници од воените оркестри од армиите на Македонија, Албанија и Хрватска.

На концертот, кој оваа година се одржува под мотото „Звукот на соработката, звукот на Алијансата“, како што информираат од Генералштабот на Армијата, ќе бидат изведени нумери од познати светски автори, меѓу кои и Мередит Вилсон, Дјук Елингтон, Наохиро Иваи и Дмитри Шостакович.

Концертот ќе биде директно пренесуван на првиот програмски сервис на македонската национална телевизија МТВ 1 со почеток во 20:00 часот.


Од истата категорија