Рускиот телевизиски канал ТНТ престана да ја емитува серијата што ја започна политичката кариера на украинскиот претседател Володимир Зеленски, по обвинувањата дека од првата епизода е исфрлена непристојна шега за Владимир Путин.

Каналот ТНТ, дел од „Газпром-медиа“, ги изненади многумина кога објави дека ќе ја емитува „Слуга на народот“, во која главната улога, учителот кој станува претседател, ја игра Зеленски, кој победи на претседателските избори во Украина и во реалниот живот.

Телевизијата не ја коментираше наводната цензура и негираше дека некогаш планира да продолжи со емитување, односно дека првите неколку епизоди беа дел од маркетингот за платформа за гледање каде серијата ќе продолжи да биде достапна.

– Тоа беше маркетиншки трик, рече извршниот директор на „Газпром медиа“, Дмитри Черњишенко.

Путин и Зеленски првпат оваа недела се сретнаа на самитот во Париз, чија цел е да најдат начин да се стави крај на конфликтот во источна Украина, каде проруските сили се борат со украинската војска.