На 01.10.2026, полициски службеници од ОВР Неготино презедоа мерки и активности со цел откривање на сторители на кривично дело, постапувајќи по претходна пријава за „тешка кражба“ во напуштен објект во неготинско.

Притоа, во кругот на објектот биле затекнати неколку лица, кои со употреба на алат се обиделе да одземат предмети, а откако ги забележале полициските службеници се дале во бегство, при што полициските службеници испукале неколку предупредувачки истрели во воздух.

Набргу, на местото и на неколку локации во Неготино, од слобода се лишени Е.Ф.(31), Б.Ф.(28) и Е.Ф.(32) од село Паликура, росоманско, Ѓ.У.(32), Д.И.(33) и Н.Ц.(38) од Градско и В.В.(31) од село Подлес, Општина Градско.

Тие биле задржани во полициска станица, од нив се одземени предмети и по целосно расчистување и документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.