Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чуњинг ги предупреди САД „да не пропагираат милитаризација и да не предизвикуваат невоља“, откако два американски бомбардери „Б-52“ пролетале во близина на кинескиот остров во Јужното Кинеско Море.

Чуњинг нагласи дека Кина ќе ги преземе сите неопходни мерки за да го одбрани својот суверенитет.

Обраќајќи се пред новинарите на брифинг во Пекинг, портпаролката Чуњинг истакна дека е ризично то што САД „работат што сакаат“ и порача дека Кина нема да биде загрозена од „било какви воени бродови“.

Американски бомбардери деновиве го надлетаа во близина на островчето Скарбороу, над кое Кина во 2012 година ја презеде контролата од Филипини.

Прелетите се случија откако американскиот министер за одбрана Џим Матис го обвини Пекинг за „застрашување и вршење притисок“ во Јужното Кинеско Море.

Со оваа акција од САД сериозно е нарушен суверенитетот на Кина, бидејжи воените бродови без дозвола влегле во кинеските територијални води, се оценува во соопштението од Министерството за одбрана на оваа земја.