Претстојните предвремени парламентарни избори, на 29 септември, ќе ја чинат Австрија и општините околу 20 милиони евра.

Околу 10 милиони евра ќе бидат од австрискиот државен буџет, а уште толку ќе ги чини општините и градовите.

Шефот на одделот за избори во Министерството за внатрешни работи, Роберт Штајн, претпоставува дека два милиони евра ќе чини печатење на гласачки ливчиња и друг глсачки материјал.

Покрај тоа, ќе бидат потребни 2,2 милиони евра за трошоците за поштарина, бидејќи на гласачите во Австрија им е дадена можност да го испратат своето гласачко ливче по писмо на трошок на државата.

Покрај тоа, од државниот буџет ќе бидат исплатени 0,84 евра по гласач, и тоа ќе изнесува 5,38 милиони евра оваа година.

Општините и градовите имаат трошоци да одржат избори помеѓу 15 и 16 милиони евра, така што остатокот ќе мора „сами да го платат“.