Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер од сите држави најчесто ја споменува Руската Федерација.

Како што пишува „Економист“, од моментот кога Трамп е избран за претседател на САД во 2016 година, за Русија твитувал 297 пати.

Тој пишувал на Твитер 1.384 пати за 81 држава.

Втора земја по популарност на Твитер налогот на Трамп е Северна Кореја, која 163 пати се појавила во неговите твитови.

На трето место се наоѓа Кина.