Манастирот Света Богородица Мавровска на грчкиот остров Евија утрово е евакуиран поради голем пожар, додека жителите од трите околни села исто така се предупредени да бидат подготвени да ги напуштат своите домови.

Огнот што изби во централниот дел на Евија го гаснат 80 пожарникари со 39 возила, како и четири авиони и два хеликоптери.

Гаснењето на пожарот е отежнато поради непристапниот терен и ветрот.

Чадот од пожарот на Евија пристигнал дури до Атина.