Рускиот претседател Владимир Путин ја поддржува идејата за дијалог со Киев за надминување на моментално копмпликуваната ситуација, но тоа што навистина е битно е имплементацијата на веќе постигнатиот договор, рече денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

-Комуникацијата меѓу двајцата претседатели е факт што само може да се смета за позитивна работа, рече Песков, пренесен од Тасс.

„Претседателот Путин секогаш се залага за дијалог како средство за решавање на итните прашања, особено во компликцираните ситуации како што е ова со кое се соочуваат руско-украинските односи“, нагласи тој.

На прашање за шансите за средба меѓу Путин и неговиот украински колега Володомир Зеленски портпаролот на рускиот претседател забележа дека „ Путин е многу прагматичен човек, за него не е важен процесот на разговори туку примената на претходно постигнатите договори, особено во текот на претходните разговори“.