Властите на Париз забранија два собири против полициско насилство, после „инцидентите и насилството“ што се случија на маргините на демонстрациите 2 јуни во Париз, јави дописникот на МИА.

-Беа поднесени две барања  за собири пред Амбасадата на САД за сабота 6 јуни 2020 година. Овие собири, најверојатно, ќе соберат многу лица, тие не се овластени со указот од 31 мај 2020 година во однос со здравствената состојба, која забранува какво било собирање, на јавен простор, на повеќе од десет лица, се вели во соопштението на префектурата.

Во соопштението за печат се потсетува и на „инцидентите и насилството“ што се случија на маргините на забранетата демонстрација на 2 јуни.

Овој собир, организиран на повик на комитетот за поддршка на семејството на Адама Траоре,, кој почина во 2016 година по неговото апсење од жандармите, собра 20.000 луѓе пред судот во Париз по што дојде до судири со полицијата.

Претходно, портпаролот на владата Сибет Ндијаи изјави дека новите неовластени демонстрации против полициското насилство најавени за сабота „не треба да се одржуваат“ заради здравствената состојба.

-Сепак, она што овие демонстрации го откриваат е дека постои одредена нелагодност барем за одреден дел од Французите, кои што мора да ги слушнеме и мора да им дадеме одговор на тоа“, додаде Државниот секретар ги поздрави „многу силните зборови“ на министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер кој вети „казни“ за секој што ќе направи грешка во редовите на силите на редот.