Твитер спречи емитување на видео од страна на американскиот претседател Доналд Трамп во спомен на Џорџ Флојд на неговиот предизборен профил, повикувајќи се на жалба поради кршење на авторски права.

Видеото е компилација од фотографии и снимки од протести и примери за насилство по смртта на Флојд за време на полициско апсење, при што Трамп зборува во позадина.

Твитер наведува дека го оневозможил емитувањето на видеото, како реакција на поплаки од сопствениците на авторските права или нивни претставници.