Дерби Каунти е вториот финалист во плејофот за влез во Премиер лигата!

Непомирливите „овни“ одиграа одличен натпревар реванш-дуел во полуфиналето против Лидс на „Елан роуд“ и ги шокираа домаќините, поразувајќи ги со 4:2.

На првиот меч, тимот од Јоркшир победи со 1:0, но по денешниот пораз тие се збогуваа со сонот за враќање во елитата за сметка на нивниот ривал.

Тимот на Френк Лампард ќе се сретне во финалето против Астон Вила, каде помошник-тренер е неговиот поранешен соиграч од Челзи – Џон Тери.

Двата тима ќе се соочат еден против друг на 27 мај на „Вембли“.