Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн од говорницата на Генералното собрание на ОН побара да се укине ветото во Советот за безбедност.

– Ветото мора да се укине, постојаните членки на Советот за безбедност мора да ја исполнат својата одговорност заради мирот и безбедноста, а не да го следат националниот интерес, изјави Ардерн.

Во Советот за безбедност има пет постојани членки Русија, САД, Велика Британија, Франција и Кина и секоја од нив има право на вето, со кое можат да го блокираат донесувањето на каква било одлука.

Тоа тело го сочинуваат уште 10 земји кои се избираат од секоја регионална група на две години.