Утре 06.06.2026 година (сабота) во 11:30 часот претседателот на владата на Република Македонија проф. др. Христијан Мицкоски ќе го посети Институтот за јавно здравје-Скопје, каде ќе оствари увид во набавената нова опрема, лабараториите, мерната станица, како и на отворањето на првото Психолошко советувалиште за деца и адолесценти од ваков карактер во државата, направено по сите светски стандарди и останатите новини во работата на Институтот.

По настанот предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите.