Премиерот на Италија, Марио Драги поднесе оставка, потврдија од кабинетот на италијанскиот претседател Серџо Матарела.

Италијанскиот претседател побарал од Драги да биде привремен премиер.

Марио Драги се одлучи на ваков чекор, откако вчерашното гласање за доверба на неговата влада беше бојкотирано од сенаторите од три партии од неговата коалиција.

Италијанскиот Сенат гласаше со 95 гласа „против“, 38 „за“ во гласањето за доверба на премиерот. Но, тројцата главни коалициски партнери на премиерот одбија да учествуваат во гласањето за доверба. Додека десетици сенатори го бојкотираа гласањето, коалицијата на Драги остана фрагментирана, без големото мнозинство што тој се обидуваше да го освои, како и со извесност за предвремени избори во септември или во октомври.

По бојкотот на гласањето од страна на тројцата водечки коалициски партнери, како што пренесуваат медиуми, Драги денеска ќе објави дека се повлекува од премиерската функција.

Драги поднесе оставка минатата недела, а претседателот Серџо Матарела ја отфрли и го упати во Парламентот за да види дали може да обезбеди широка коалиција.