(Фотографијата погоре е од 1 јуни и како што можете да видите, премиерот на Викторија е во локал а не постои обврска за носење маски и слично)

Премиерот на државата Викторија, држава во рамки на Австралија, Дан Ендрју, денеска на својот ФБ напиша:

„Уште во јануари, почнавме да ги подготвуваме нашите болници за да се справиме со пандемијата.

Обезбедивме преку илјада нови кревети, а нови пристигнуваат секоја седмица. Повеќе респиратори. Милиони парчиња медицнска заштитна опрема. Старите болници ги обновиме, а отворивме и нови.

Стариот Петер Мак центар во источен Мелбрн е една од тие болници кои ги реновиравме и сега има 84 болнички легла.

Сега, овие болнички легла не се користат за корона пациенти – и сакаме така да остане.

Но, тоа ќе се случи само ако работиме заедно и продолжиме да ги правиме потребните и исправните нешта.

Секој поединец.“

На вие зборови на Ендрју, на кои има 12 илјади лајкови и преку 800 коментари, реагираше и нашиот Дафко Јордановски, кој живее во Мелбурн:

„Се шегувате нели? Во јануари… првиот случај овде беше во март. Дали вие знаевте нешто што ние не знаевме?“, запраша тој.

Потоа, на својот ФБ профил додаде:

„Мислев дека испратив мала порака до премиерот. Не знам дали е одговорен за пишувањето на изјавата, сепак, тој е одговорен за објавувањето. Првиот случај во Викторија беше во март. На стартот, мислев дека прави добра работа, но не е ни чудо што сме во неред. Треба да одите, заедно со вашиот министер за здравство. Сосема неспособни“, напиша Јордановски.

Инаку, во Викторија живеат 6,5 милиони жители. Во државата досега има потврдено 5 353 позитивни на Ковид 19 и 35 мртви. Вкупно во Австралија потврдени се 11 400 случаи, а починати се 118 лица. Колку за споредба, ние имаме над 9 000 позитивни и 414 мртви.

Австралија многу пред Нов Зеланд прогласи дека успешно се справила со вирусот, но се чини епидемијата повторно се враќа, пред се во Викторија. Последните дневни податоци се дека во Австралија има 206 нови позитивни и двајца починати, а од позитивните, 188 се од Викторија.

Изјавата на премиерот на Викторија е мошне индикативна бидејќи покажува дека неки држави уште во јануари знаеле што се подготвува. Ова е уште поинтересно ако се има в предвид дека на 14 јануари, СЗО објави дека нема докази дека САРС-КОВ2 се пренесува од човек на човек, значи во време кога во Австралија веќе почнувале подготовките.

Прашање е како тоа Австралија во јануари знаелеа или насетувала што надоаѓа, а тоа не ги знаеле САД, ноту пак било која европска земја или Велика Британија која има посебно тесни врски со Австралија, бидејќи токму поради ова претседателот Трамп ги обвини СЗО дека криеле податоци, ги обвини за ширење на епидемијата низ светот, го прекина финансирањето на СЗО и ги повлече САД од членство во СЗО.

Дафко ЈОРДАНОВСКИ

Инаку,, како што веќе досега имаме објавено на страниците на Денешен.мк, уште во декември, Тајван испрати предупредувања дека во Кина се појавил нов вирус и дека можно е тој да е способен да се пренесува од човек на човек. Овие предупредувања на Тајван, биле игнорирани.

Што се однесува до нас, на 2 февруари годинава, кога Австралија веќе имала набавено илјадници нови легла, министерот за здравство Венко Филипче изјави дека ако има сомнителни случаи, тие ќе бидат тестирани во Ниш. Коментар повеќе се чини не е непотребен.