Вкупно 2.141 приговори пристигнаа на адресата на ДИК, до 19.30 часот, кога и завршуваше рокот.

Поголемиот број на приговори ги поднесе Левица, односно достави 1.982 приговори, а претходно Алијансата за Албанците, која е во коалиција со Алтернатива, поднела 77 приговори.

До синоќа беа поднесени 82 приговари, од кои најголем број – 74 се исто така од Алијанса за Албанците, а има и два од ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат на сумирањето на резултатите од гласањето.

ДИК се очекува да закаже седница утре, а најдоцна во понеделеник на која јавно ќе ги разгледа и ќе одлучува, по нив.