Премиерот Зоран Заев денеска ќе биде во работна посета на Сојузна Република Германија, по повод доделување награда за човекови права за 2020 година од страна на Фондацијата „Фридрих Еберт“ (ФЕС).
Церемонијата на доделување на наградата ќе ја отвори Хајко Маас, федерален министер за надворешни работи. Ќе започне во 15:45 часот, а може да се проследи преку линкот https://www.fes.de/en/human-
Според најавата, во тек на посетата на Берлин, премиерот Заев, придружуван од министерот за надворешни работи Бујар Османи, ќе има и работни средби со министерот за надворешни работи на Германија – Михаел Рот, како и со ко-претседателот на Социјалдемократската партија на Германија Норберт Валтер – Борјанс и со пратенците Нилс Шмид од СПД и Јурген Харт од ЦДУ/ЦСУ.