Оставката на Зоран Заев од премиерската функција ќе зависи од тоа кога ќе завршат преговорите со Алтернатива за парламентарното мнозинство и од преговорите со Бугарија, изјави тој за Телевизија Телма.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи упати апел Заев да остане на премиерската функција, да не се загрозат евроинтегративните процеси и државата да не влезе во нови проблеми.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски бара од Заев, по поднесената оставка во партијата, да поднесе оставка и во Владата.