Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јануари 2019 година е намален за 0,3 процентни поени во однос на декември 2018 година и изнесува 20,1, а во однос на јануари 2018 година е зголемен за 1,3 процентни поени, оценуваат раководителите на деловните субјекти.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јануари 2019 во однос на декември 2018 е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на декември 2018 година. 

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јануари 2019 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а e поповолна во однос на јануари 2018 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми. 

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јануари 2019 година изнесува 68,2 отсто од нормалното искористување. 

Најголемо влијание врз огрничувањето на обемот на производството имаат недостигот на квалификувана работна сила со 28,7 отсто, недоволната домашна побарувачка со 15,5, недоволната странска побарувачка со 15,3 и неизвесното економско опкружување со 8,9 отсто.