Коалицијата што се бори во Јемен против бунтовниците Хути потврди дека пресретнала и уништила дрон што се обидел да нападне врз меѓународниот аеродром Абха во Саудиска Арабија.

Според соопштението, коалицијата предводена од Саудиска Арабија презема оперативни мерки за справување со изворите на непријателски прекугранични напади, јавија саудиски медиуми.

Јемен е вовлечен во граѓанска војна од 2014 година, кога Хутите го зазедоа главниот град Сана и поголемиот дел од северот на земјата, принудувајќи ја меѓународно признатата влада да побегне на југ, а потоа во Саудиска Арабија.