Две лица се убиени, а двајца полицајци се сериозно повредени при престелка во југозападна Германија, соопштија германските власти.

Во заедничка изјава на полицијата и обвинителството се наведува дека околу 8.30 часот утринава, полицајци биле испратени да се справат со „опасна ситуација” во Кирхајм ан дер Вајнштрасе, гратче крај Манхајм. Полицијата додаде дека при пукањето загинале две лица, а двајца полицајци, еден маж и една жена, се тешко повредени.

Не се прецизира кои се убиените и што точно довело до испраќање полицајци на местото на инцидентот.