Германија најверојатно ќе добие казна изразена во милијарди евра откако денес Европскиот суд на правдата (ЕСЈ) пресуди дека земјата е виновна за кршење на еколошките закони.
ЕСЈ пресуди дека Германја ги прекршила директивите на Брисел откако не успеала да преземе доволно мерки за справување со загадувањето на водите. Британски Експрес наведува дека пресудата донесена од највисокиот европски суд со седиште во Луксембург е донесена по се поголемите поплаки за нивото на нитрати во водата.
Нитрати се употребуваат за наѓубрување, но хемикалиите можат да ја оштетат околината и да предизвикаат закана за здравјето преку загадената вода.
ЕСЈ пресуди дека Германија требала да преземе дополнителни мерки за да ја заштитат водата за пиење.
Претходно во 1991 година земјата беше обвинета дека ги крши директивите на ЕУ за употреба на нитрити. Весникот напоменува дека може многу лошо да се одрази по здравјето на бремените жени и бебињата доколку пијат вода со високо ниво на хемикалии.
Максимилијан Хофмајер, од Федералната агенција за околина во Берлин, тврди дека нема ризик за луѓето доколку пијат вода од чешма.
„Нема опасност од водата за пиење. Имаме неколку добри пристапи за намалување на нитратите во подземните води“, изјави тој.
Германија е рангирана на второ место во ЕУ според нивото на нитрати во подземните води веднаш зад Малта.
Мартин Вејнард, од германската Асоцијација за енергија и водена индустрија, обвини за „исклучоци и дупки“ во директивата.
Меѓутоа, зборувајќи денес пред да биде соопштена пресудата, тој истакна дека „Германија ризикува казна во милијарди, затоа што ЕСЈ ќе ја осуди Германија за неспроведување на директивата на ЕУ за нитрати“.