Зошто не се потшишате? Тоа е прашањето што претседателот на САД, Доналд Трамп го упатил вчера кон демонстрант, пренесоа светските медиуми.

Неколку демонстранти влегле во салата во која Трамп имал митинг во Минесота. Тие не се согласуваат со имиграционата политика на Вашингтон, предизвикале хаос во салата и претседателот на САД наредил да бидат отстранети.

„Не моѓжа да препознаам дали сте маж или жена. Зошто не отидете на фризер? Имате потреба од тоа!“, се обратил Трамп кон еден од демонстрантите.

Протестот се одржал во предвечерие на гласањето за новиот законски проект со кој е предвидено децата на имигрантите да се не се одвојуваат од родителите.