Три години по апсењето кое предизвика голема јавна реакција, анестезиологот Валтон Дервиши од Болницата во Тетово се очекува да се врати на работа, откако судовите го поништија решението за негово отстранување.

Тој беше уапсен, а потоа и осуден на 15 месеци затвор за неовластено снимање на пациенти и медицински персонал во одделението за гинекологија, како и за објавување на дел од материјалите на ТикТок.

Според подоцнежниот тек на судските постапки, првичната затворска казна и дисциплинските мерки биле изменети во поблаги процедури, додека дел од обвиненијата се преквалификувани по заверени изјави и нови судски одлуки.

Тоа влијаело Лекарската комора и судовите да констатираат дека нема доволна правна основа за трајно одземање на неговата лиценца.

Според Законот за работни односи, вработен може да добие отказ ако со правосилна одлука му е забранета дејноста или има изречено казна затвор подолга од шест месеци.

Во судските постапки ниту колегите, ниту сниманите пациентки не се приклучиле на кривичниот прогон, потврдува адвокатот на Клиниката во Тетово, Дарко Котески кој посочи дека последната надеж за преиспитување на институционалниот исход клиниката Тетово ја гледа во ревизија пред Врховниот суд кој засега се уште не постапил.