Една од најдолговечните љубовни приказни во Хрватска, онаа на штрковите Клепетан и Мален сепак ќе има среќен крај.

Иако сите, вклучително и Стјепан Вокиќ кој се грижи за Малена мислеа дека Клепетан минатата година угина, тој се вратил годинава повторно кај неа.

-Иако не бев сигурен на почетокот дека станува збор за Клепетан, сега знам дека е тој. Се врати во април, засега имаат три јајца, едно се скрши, студот лошо влијаеше за нив. Баш сега тој беше со мене во двор додека таа лежи на јајцата, вели Стејап за порталот Индекс и додава дека е шокиран од враќањето на Клепетан.

Тој вели дека мислел оти Клепетан угинал бидејќи цела година не се враќал.

-Сега повторно се врати. Само игра околу мене, како да се извинува, не знам како поинаку да го наречам тоа, вели Стјепан.

Тој 27 години се грижи за Малена, а нејзината љубовна приказна со Клепетан го обиколи светот.

Денешен во повеќе наврати пишуваше за оваа чудесна љубовна приказна на најпознатите штркови во светот. Можете да се потсетите ако ги отворите овие линкови:

https://denesen.mk/video-svetska-ljubovna-prikazna-na-shtrkovi-vo-hrvatska-klepetan-vchera-po-17-pat-se-vrati-kaj-malena-i-vekje-vodea-ljubov/