Со повреди на главата и телото се здобил Бојан Јовановски – Боки 13 откако бил претепан во затворот „Идризово“ каде ја издржува затворската казна.
Од МВР велат дека случајот бил пријавен и кај нив од страна на Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“.
-На 20.10.2022 во 20.00 часот во СВР Скопје – Полициската станица Гази Баба, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со поврди бил донесен Б.Ј.(36) од Скопје. Според пријавеното, околу 15.40 часот во кругот на Казнено-поправната установа Затвор Идризово, каде издржувал затворска казна, Б.Ј. бил физички нападнат од три лица. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.
„А1он“ објави дека Боки 13 бил нападнат од три лица, а на нападот не му претходеле расправии. Наводно, нападот се случил во дворот на затворот, по што Јовановски со Брза помош бил пренесен во болница.