Словачка може да добие за првпат жена за претседател на државата на денешните избори.

Главен кандидат за нов шеф на државата во која живеат 5,4 милиони луѓе е Зузана Чапутова (45), екоактивист на непарламентарната лидерална партија Прогресивна Словачка. Втор по анкетите е Марош Шефчович, потпретседател на ЕК кој има поддршка од владејачката партија.

Социолози велат дека поголема поддршка има меѓу избирачите Чапутова.

Ако никој од 13-те кандидатите не добие денеска мнозинство, на 30 март ќе има втор круг. Функцијата претседател има петгодишен мандат. Актуелниот претседател Андреј Киска кој е вмешан во голем број скандали, откажа учество на изборите.