Доналд Трамп стана првиот американски претседател во историјата за кој мнозинство во претставничкиот дом двапати гласалo за негово отповикување, откако денеска за отповикување гласаа 221 демократи и 10 републиканци поради поттикнување на упадот во Капитол, а против биле 197 пратеници.

Меѓутоа, сега постапката се сели во Сенатот, каде, според Уставот, потребно се гласовите од две третини од сенаторите за Трамп да биде сменет и пред да му истече мандатот.

Тој денеска повтори дека никогаш не се залагал за насилство и повика на смирување на страстите, со цел да се споведе транзцијата на власта.