Забрана за сообраќај на тешки товарни возила поради снежните врнежи од 13.20 часот е воведена на планинскиот превој Буково на патниот правец Ресен Битола, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
Од 12.15 часот, пак, како што претходно информираше АМСМ, поради интензивни врнежи од снег забрана за сообраќај на тешки товарни возила беше воведена и на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан.