Камион е превртен на автопатот Неготино кон Демир Капија на 100 метри после бензинската пумпа на „Макпетрол“, соопшти вечерва Авто мото сојузот на Македонија.

Според информацијата на АМСМ, движењето е отежнато и се пропуштаат само патничките возила, а тешките товарни возила се пренасочуваат по регионалниот пат.

Фото: МИА архива