Камион „сканија“ со скопски регистарски ознаки се преврте на магистралниот пат А2, Крива Паланка -Куманово, кај село Псача.

Според податоците од СВР Куманово, сообраќајната незгода е пријавена во полиција во 12 часот и 20 минути.
– Со товарното моторно возило управувал М.С., роден 1961 година. Движејќи се во правец од Крива Паланка кон Куманово, од засега непознати причини возачот изгубил контрола и излетал од патот, при што дошло до превртување на возилото, информираат од СВР Куманово.
Увидот на полицијата е се уште во тек и се работи на утврдување на причините за незгодата.