КАКО ПОНАТАМУ ПО НЕУСПЕШНИОТ РЕФЕРЕНДУМ имаме ли ИЗБОР?

Пишува: презвитер Ивица Тодоров

Почитувани мои пријатели и сонародници со крајна сигурност ВЕ УВЕРУВАМ дека и без НАТО и ЕУ и со НАТО и ЕУ се ќе остане исто во Македонија ако и понатаму продолжиме да го негуваме уништувачкиот, корумпиран (расипан), себичен, завидлив, користољубив, површен, поданички, предавнички, БЕСКАРАКТЕРЕН, БЕСРАМЕН, БЕСДОСТОИНСТВЕН крајно неморален МАКЕДОНСКИ МЕНТАЛЕН СКЛОП!

Па со горенаведениот БОЛЕН ментален склоп, со горенаведениот начин на мислење и живеење и во РАЈОТ да влеземе истиот ќе го претвориме во ПЕКОЛ зашто нашиот ПЕКОЛ, нашата македонска трагедија и неуспех ние си ја носиме во нашето БЕЗУМИЕ, во нашите отровни мисли и дела, во нашата ОЗЛОБЕНОСТ, во нашиот внатрешен процес на САМОУНИШТУВАЊЕ!

БЕЗ ПРОМЕНА на нашиот самоуништувачки ментален склоп ние како поединци, како народ, како држава НЕ МОЖЕМЕ да се надеваме на напредок, просперитет, почит, уважување, победа, вистински ИЗБОР!

За да исчекориме од песимизмот на нашата реалност јас ја предлагам доленапишаната визија за ДЕМОКРАТИЈА ВО МАКЕДОНСКИ СТИЛ!
Тоа е модел за организирање на македонското општеството што ќе го искорени сегашниот уништувачки македонски ментален склоп. Еве, оваа визија нека поттикне, нека мотивира здрави македонски умови и срца да поработат на процесот за излекување на нашиот болен македонски организам за да се формира основа за вистински ИЗБОР и НАПРЕДОК.

ДЕМОКРАТИЈА ВО МАКЕДОНСКИ СТИЛ!

1. Демократијата, односно автентичниот општествен ангажман во македонски стил и за македонско добро НЕ Е за глупави, мрзливи, површни, незинтересирани, изманипулирани, криминални, корумпирани, себични, завидливи и бескарактерни луѓе!

2. Демократијата во македонски стил е политички модел во кој АКО НЕ СЕ БОРИШ за ДОБРОТО и НОРМАЛНОТО ќе победи ЗЛОТО и НЕНОРМАЛНОТО! Зошто? Затоа што додека добрите и нормалните се занимаваат со себе или со ништо, оние другите се занимаваат со политика!

Во светот нема празен простор, нема непроменлива состојба! Или ќе управуваат ДОБРИТЕ во име на ДОБРОТО или ќе управуваат ЗЛИТЕ во име на ЗЛОТО!
Демократијата ни сведочи дека овој свет не е рајска градина, но таа може да ни помогне овој свет да не стане ПЕКОЛ туку пристојно место за живеење каде што ќе ја развиваме нашата ВЕРТИКАЛА (Богоподобност, духовност и етичност) и ХОРИЗОНТАЛА (разумен прогрес, организација, безбедност, просперитет).

3. Демократијата во македонски стил се темели на правилниот ИЗБОР на секој од нас!
Погрешен ИЗБОР води кон лоши резултати! Вистински ИЗБОР води кон полезни резултати!

ДЕМОКРАТИЈАТА во македонски стил ќе се препознава и по тоа што своите граѓани ќе ги подготвува за слободен, зрел и одговорен ИЗБОР!
Лажната демократија се препознава по тоа што своите граѓани ги збунува и манипулира со митологизиран популизам, нерационалност, извртени информации, непринципиелност, двојни стандарди, корупција и ЗЛОУПОТРЕБА!

4. Најдобар пријател на демократијата во македонски стил е КОНЗЕРВАТИВНОСТА разбрана како дефинирање на стандарди на квалитет и здрави модели на живеење кои се мерка за да не се пропаѓа надоле, туку да се напредува НАГОРЕ!
Духот и движечката сила на демократијата во македонски стил е ХРИСТИЈАНСТВОТО зашто тоа и дава смисла, вредност, мерка и насока и за ВЕРТИКАЛАТА (духовно – моралното и културно зреење) и за ХОРИЗОНТАЛАТА (општествено – економското напредување)!

5. ЗРЕЛА, организирана и одговорна демократија води кон човечна ЕКОНОМИЈА и силна ЕКОЛОГИЈА!

Демократијата во македонски стил е вистински ПРОГРЕСИВНА затоа што е втемелена на СЛОБОДА, ПРАВДА, ПОЧИТ, БОГОЉУБИЕ и ЧОВЕКОЉУБИЕ!
ДЕМОКРАТИЈА која е одговорна затоа што е конзервативна и христијанска!
Демократија МАКЕДОНСКА која интегрира без да асимилира!
Демократија СУВЕРЕНА која соработува со сојузници кои ПОЧИТУВААТ, а не УЦЕНУВААТ!
Демократија СОНЦЕ! Лавовска ДЕМОКРАТИЈА! Демократија што БЕСКОМПРОМИСНО ќе се штити од сите кои ќе сакаат да ја ЗАТЕМНАТ, и од надвор и од внатре!