презвитер Ивица ТОДОРОВ
ПОМЕЃУ ПРАВДАТА И ОТВОРЕНАТА НЕПРАВДА!
И ПОВТОРНО ПОЛИЦИСКИ ЧАС, ајде петок и сабота, иако и за Задушницата ние како Црква имаме решение во рамка на протоколите за заштита од вирусот Ковид 19, НО ЗОШТО И НЕДЕЛА кога Црквата го празнува својот роденден, ПЕДЕСЕТНИЦА, симнувањето на Светиот Дух врз апостолите!?!
Најголем процент од членовите на МПЦ – ОА покажаа во изминатиот период префинето чувство за општествена одговорност, покажаа реална љубов и одговорна солидарност, покажаа разбирање и кога одговорните во државата сериозно грешеа со своите проценки, и еве повторно се тренира строгост врз наш грб.
Значи, во оваа наша Македонија колку е некој по емпатичен, одговорен, сериозен и рационален, толку полесно некој може да се изживува врз него! Зар треба да се биде надмен, самобендисан, насилен и уценувач за да те бројат помеѓу „сериозните фактори“?!
Христијаните ќе си останат ХРИСТИЈАНИ, и Богољубиви и човекољубиви, ама во исто време разбираат што е ПРАВДА, но што е и НЕПРАВДА! А неправдата боли!