Незадоволни прилепски тутунари утрово го блокираа патниот правец Прилеп – Плетвар.

Тие на протетстот рекоа дека од 1 јануари тутунот веќе не се откупува, а оној кој се откупува се плаќа за класа пониско, што значи дека значително е намалена откупна цена.

Тутунарите бараат да се зголеми откупната цената, сите откупни пунктови да проработат и да се исплаќа за фактичката класа на тутун.

Тутунарите бараат да се донесе закон со кој ќе се забрани увозот на тутун во Македонија и потсетуваат дека и субвенциите сѐ уште не се исплатени „затоа што постои и партиска дискриминација и и врски“, велат тие.

Тутунарите најавуваат дека доколку нивните барања не се остварат ќе следуваат штрајкови, протести, блокади на патиштата.

Претходно од ресорното министерство за земјоделие постојано даваа изјави дека откупот тече во најдобар ред, дека тутутнот речиси целосно е откупен, дека тутунарите се задоволни од откупните цени и дека нема да остане ни килограм неоткупен тутун.