Принцот Чарлс, кој е на возраст од 71 година, е позитивен на корона вирусот и е во самоизолација во Балморал, објавија британските медиуми.

Пред две недели тој имал средба со принцот од Монако, Алберт – кој исто така е заразен. Сопругата на Чарлс, Камила е негативна.

Принцот имал средба со кралицата Елизабета пред 13 дена.