Италијанската полиција синоќа објави дека уапсила 20-годишен Сомалиец, осомничен член на Исламска држава, кој се заканувал дека ќе постави бомби во црквите, вклучително и во Базиликата Свети Петар.

Полицијата наведе дека исламистот Омар Моџин Ибрахим е приведен на 13 декември, а потоа обвинет за поттикнување и поддршка на тероризмот.

Ибрахим е приведе во операцијата што траела еден месец. Тој е уапсен во моментот кога се подготвувал да го напушти Бари, каде работел како чистач.

Тој е уапсен врз основа на прислушувани телефонски разговори. Ибрахим во Италија пристигнал во 2016 година, а често го користел лажното име Анас Калил, а на социјалните мрежи се претставувал како Јусуф.

Италијанската полиција пред Божиќ ги зајакна обезбедувањето околу црквите, вклучително и Базиликата Свети Петар.