На Косово се упасени две лица осомничени за планирање терористички напади врз припадници на КФОР и на цивили во Косово, Белгија и Франција, соопштија властите во приштина.
Уапсен е 20-годишно момче, државјанин на Белгија и 20-годишна девојка, со која живееле заедно, со место на живеење во Приштина.
Од канцеларијата на приштинското обвинителство соопштија дека двајцата осомничени на 2 јуни разговарале телефонски за подготовка на терористички и самоубиствени напади со автомобил бомба на припадници на КФОР и на места на кои се собираат голем број луѓе.
Од обвинителството наведуваат дека момчето подготвувало и самоубиствени напади на јавни места во Белгија и Франција. Двајцата биле уапсени на 6 јуни.
Адвокатот на белгискиот државјанин, Арбор Реџа потврди дека неговиот клиент е осомничен за подготвување терористички акти, но дека обвинителството не обезбедило докази за тоа.
Неименувано лице од полицијата рече дека истрагата е проширена на повеќе лица, а од КФОР велат дека за ова прашање е надлежна локалната полиција.