Учесниците на Самитот на Г7 истуриле серија критики врз претседателот на САД, Доналд Трамп, кој го предизвикал постоечкиот меѓународен поредок.

Претседателот н Европскиот совет, Доналд Туск, рече дека „правилата на кои е заснован меѓународниот поредок е предизвикан од никој друг туку од главниот архитект и гарант на САД, јави „Индепендент“

„Нем да престанеме со убедувањата нашите американски пријатели и претседатлот Трамп дека поткопувањето на тој поредок нема смисла, зашто од тое ќе имаат корист оние што сакаат пост-западен поредок, каде либералната демократија и фундаменталните слободи ќе престанат да постојат“, рекол Туск.

Петседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, му сугерирал на Трамп дека САД и ЕУ треба да имаат заедничка проценка на трговските оноси меѓу двете страни, сметајќи дека тарифите за алуминиумот и челикот, неодамна воведени против Европа од Америка биле донесени на „лошо читање на трговските податоци“, изјавил за Ројтерс извор близок до преговорите.

„Доналд, подготвен сум да дојдам во Вашингтон најбрзо што може за да направиме задничка анализа. Сакам прашањата да бидат решени на пријателски начин“, ги пренесува изворот зборовите на Јункер.

Но, Јункер не добил никаква реакција од Трамп.