Приватните превозници се враќаат на скопските улици, објави предмалку Јавното сообраќајно претпријатие.
Директорот на ЈПС Скопје, Крсте Петревски го потпиша договорот со превозниците, а веќе од утре 105 автобуси ќе сообраќаат на улиците.
–Приватните превозници ќе ги опслужуваат линиите: 23, 45, 61, 63, 73, 9, 11, 11A, 12, 47A, 55, 19, 20, 22, 52, 54, со 105 модерни автобуси кои ги исполнуваат еколошките стандарди согласно јавниот повик, велат од ЈСП.