Руски пратеник од Горниот дом на Парламентот е приведен под обвиненија дека е вмешан во убиства на високи лица.

Пратеникот Рауф Арашуков од Карачаево-Черкеската Република (КЧР) е приведен откако Советот на федерацијата гласаше да му се одземе имунитетот заради судска истрага.

Арашуков (32) е вмешан наводно во убиство на двајца функционери од таа руска република во 2010 година како и за друг вид криминални дела, соопшти рускиот истражен комитет. Арашуков е под истрага што ја барале властите во КЧР, наведе Истражниот комитет.