Секторот за компјутерски криминал ќе поднесе кривична пријава против М.С.(49) од Скопје поради основи на сомневање за сторенo кривичнo делo „загрозување на сигурноста“, казниво по чл.144 од Кривичниот законик.

– Вчера по добиена пријава за објавени сериозни закани по живот по пат на информатички систем (на социјалната мрежа Фејсбук), насочени кон Претседателот на Владата на Северна Македонија, Секторот за компјутерски криминал, по добиена судска наредба, изврши претрес  во домот на М.С., при кој се откриени и одземени предмети во врска со кривичното дело, а лицето е приведено, соопштуваат од МВР.

Од МВР информираат дека за случајот е известен дежурен јавен обвинител.