Тројца косовски државјани биле нападнати во Градскиот парк во Скопје.

„Вчера во Полициската станица Кисела Вода приведени биле 21-годишниот С.Љ. и 21-годишниот Д.М., двајцата од Скопје, поради сомнение дека околу 15:10 часот во Градски парк кај езерцето, физички ги нападнале Е.К.(24), Љ.К.(19) и М.Б.(18), сите од Косово. Известен е Јавен обвинител. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информира МВР.