Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, ќе организира прием за поканата за членство на Македонија во НАТО, која Македонија ќе ја добие ако го смени името. Приемот ќе се оддржи во ресторан на улица Македонија.
Владата организираше манифестации за прослава на поканата за НАТО низ 15 градови во земјата, кои минаа со слаба посетеност. А по бурните негативни реакции на јавноста настапите ги откажаа Љубојна и Влатко Лозаноски. Владата вели дека за прославата потрошила 180 илјади евра.