Предизборната кампања на СДСМ на манипулации и лаги не поминува веќе кај граѓаните. Граѓаните многу добро знаат кој колку изгради, се истакнува во денешната реакција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на соопштението од СДСМ во кое владејачката партија се фали со бројот на нови градинки.
– СДСМ со Зоран Заев во секое поле потфрли, така и со градинките. Имено, во случај на пандемија од КОВИД владата не успеа да го организира процесот на работа во градинките за да се опфатат што поголем број на деца, а мајките губат работа или самите даваат отказ за да ги чуваат своите деца. СДСМ се фали со градинки кои ВМРО-ДПМНЕ ги направи, а тие не успеаја на време ниту да ги довршат, ниту пак да ги отворат, се вели во реакцијата.
За помалку од 8 години, се додава во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ изгради 70 градинки низ цела Македонија.
– А, ниту една капитална инвестиција откако Заев е на власт во Македонија нема. Нема полошо од СДСМ за Македонија. Време е за Македонија за сите луѓе, се вели во соопштението од опозициската партија.