Д-р Харви А. РИШ
Како професор по епидемиологија во Школата за јавно здравје во Јејл, автор сум на преку 300 публикации, а сега имам позиција на постар уредник во колегиум составен од неколку водечки новинари.
Обично сум навикнат да се залагам за позиции кои се во рамките на мејнстрим медицината, но овој пат се најдов во ситуација да се борам за примена на третман што е апсолутно поддржан од фактите, но од причини кои немаат никаква врска со правилното разбирање на науката, е фрлен на маргините. Како резултат на тоа, десетици илјади пациенти со КОВИД-19 умираат непотребно. Сепак, и во ваква ситуација може да се направи пресврт, лесно и брзо.
Зборувам за хидроксихлорокинот. Кога овој ефтин орален лек ќе се даде во раната фаза од болеста, пред вируст да има време да се мултиплицира во обем кој е надвор од контрола, тој е мошне ефикасен, посебно кога се дава со антибиотиците азитромицин или доксиклицин и со минералот цинк како додаток.
На 27 мај, објавив текст во American Journal of Epidemiology (AJE), насловен како: „Ран третман на пациенти со Ковид 19 кои покажале симтоми, кои се со висок ризик, како клуч за пандемијата“.
Текстот, објавен во водечкиот светски часопис за епидемиологија, опфаќаше анализа на пет студии, демонстрирајќи јасни и значајни придобивки за лекуваните пациенти, плус други големи студии кои ја покажаа безбедноста на лековите.
Лекарите кои ги употребуваа овие лекарства и покрај широко распространетиот скептицизам кон нив, навистина се херои. Тие го направија тоа што науката вели дека е најдобро за нивните пациенти, често со голем личен ризик. Лично познавам двајца доктори кои спасија стотици пациенти со овие лекови, но сега се борат со државата за да ги спасат своите медицински лиценци и да го зачуваат својот углед. Случаите што се водат против нив се апсолутно без научна основа, но тоа не го запира прогонот.
Откако го објавив текстот на 27 мај, се појавија седум други студии кои ги покажаа бенефитите на овие лекарства. Веднаш напишав подолго писмо, исто така објавено во AJE, во кое ги разгледувам податоците од седумте студии. При тоа го обновив мојот повик за непосредна рана употреба на хидроксихлорокин кај пациенти со висок ризик.
Во овие седум студии, вклучени се и подтоците за:
-дополнителни 400 пациенти со висок ризик третирани од д-р Владимир Зеленко, со нула смртност;
-четири студии со вкупно 500 пациенти со висок ризик третирани во старечки домови и клиники низ САД, без смртни случаи;
-контролирано испитување на повеќе од 700 пациенти со висок ризик во Бразил, со значително намален ризик од хоспитализација и два смртни случаи кај 334 пациенти третирани со хидроксихлорохин;
-и друга студија на 398 пациенти во Франција, исто така со значително намален ризик од хоспитализација.
Откако го објавив писмото, многу лекари ми се јавија и потврдиа дека итие успешно ги употребувале овие лекарства.
Мојот првичен текст за АЈЕ е достапен на интернет и ги охрабрувам читателите, посебно лекарите сестрите, асистентите на лекарите и асоцијациите, како и респираторни терапевти – да го прочитаат. Писмото кое потоа го испратив е закачено кон текстот.
Покрај овие студии за индивидуални пациенти, можеме да видиме што се случува со големи популации кога овие лекарства се употребуваат. Во северната бразилска држава Пара, бројот на починати од КОВИД 19 растеше со голема брзина. На 6 април, јавните болници набавија 75 000 дози азитромицин и 90 000 дози хидроксихлорикин. За неколку недели, властите почнаа да ги дистрибуираат лекарствата до заразените пациенти. И покрај тоа што бројот на нови случаи продолжи да расте, на 22 мај смртноста почна да се намалува и сега е окоу 1/8 од таа што беше кога беше достигнат врвот, односно кога беше пикот на смртноста.
Еден вид експеримент се случи во Швајцарија. На 27 мај, швајцарската национална влада забрани амбулантско користење хидроксихлорокин за КОВИД 19, односно користење на лекарството од пациенти кои не се хоспитализирани, но кои се под медицински надзор. Околу 10 јуни, смртните случаи на КОВИД-19 се зголемија за четири пати и бројот остана на таа зголемена линија.
Соочувајќи се таа ситуција, на 11 јуни швајцарската влада ја отповика забраната, а на 23 јуни стапката на смртност се врати на она ниво кое беше претходно. Луѓето кои умираат од КОВИД-19 живеат околу три до пет недели после почетокот на симптомите, што ги прави доказите за причинско-последичната врска во овие експерименти силни. Двете епизоди сугерираат дека комбинацијата на хидроксихлорокин и неговите придружни лекови ја намалува смртноста и треба веднаш да се донесе како нов стандард за нега кај пациенти со висок ризик.
Зошто хидроксихлорокинот е занемарен?
Прво, како што сите знаат, прашањето за лековите стана многу исполитизирано. Не треба никому да му кажувам дека медицината не функционира ако се политизира. Секој лек мора да ја се оценува исклучиво врз основа на науката, а не врз основа на политика. Кога лекарите завршуваат медицина училиште, тие официјално ветуваат дека здравјето и животот на пациентот ќе им бидат на прво место.
Второ, лекот не се користи правилно, што се гледа од многу студии. Хидроксихлорокинот покажа голем успех кога се користи рано кај лица со висок ризик, но, како што може да се очекува од антивирусно лекарство, тоа има многу помалку успех кога се користи доцна во текот на болеста. И покрај тоа, лекот покажа значителна ефикасност во големите болнички студии во Мичиген и Њујорк, кога започнува неговата примена во рамките на првите 24 до 48 часа по приемот на пациентот… Комбинацијата од хидроксихлорокинот, азитромицинот и цинкот треба да се препише на пациенти со висок ризик веднаш штом се појави клинички симптом за КОВИД 19, без да се чека на резултатите од тестот. Чекањето пред да се започне со лекот може прилично да ја редуцира ефикасноста.
Трето, загриженоста беше зголемена поради стравот на ФДА и другите асоцијации поради ризикот од срцева аримија, посебно кога хидроксихлорокин се дава во комбинација со азитромицин. ФДА ги заснова своите забелешки на податоците во својот ФДА систем за несакани дејства за известување. Овој систем на известување примил илјада случаи на аритмии кои се припишуваат на употреба на хидроксихлорокин. Всушност, бројот е веројатно поголем од тој, бидејќи системот за известување, кој бара лекари или пациенти да започнат контакт со ФДА, а не сите го прават тоа.
Но, она што ФДА не го објави е дека овие несакани дејства биле создадени од десетици милиони пациенти кои користеле хидроксихлорохин подолг временски период, честопати за хроничен третман на лупус или ревматоиден артритис. Дури и ако вистинските стапки на аритмија се десеткратно повисоки од оние пријавени, штетите би биле минимални во споредба со смртноста што се јавува токму сега кај несоодветно третирани пациенти со висок ризик при КОВИД 19. Овој факт е докажан со една студија на универзитетот Оксфорд на повеќе од 320.000 постари пациенти кои земале и хидроксихлорохин и азитромицин, а кај кои имало зголемена стапка на смртност од аритмија на помалку од 9/100,000 корисници. Нов труд во американскиот часопис за медицина од кардиолози ширум светот целосно се согласува со ова.
Во иднина, верувам дека оваа погрешна епизода во однос на хидроксихлорокин ќе ја изучуваат социолозите на медицината, како класичен пример за тоа како ненаучните фактори ги надминуваат јасните медицински докази. Но, засега реалноста бара јасно, научно внимание на доказите. Заради пациентите со висок ризик, за доброто на нашите родители и баби и дедовци, за доброто на невработените, за нашата економија и за нашата политика, особено на оние кои се несразмерно погодени, мора да започнеме со лекување веднаш.
Д-р Харви А. Риш, е професор по епидемиологија на Факултетот за јавно здравје на Јеил.
(текстот е објавен на 23 јули 2020 година во Њусвик“)