Американската федерална управа за воздухопловство одби да реагира во врска со тужбата на организацијата за заштитата на потрошувачите „Flyers Rights”  и да се спречи постојаното намалување на димензиите на седиштата во авионите.

Уште пред неколку месеци организацијата „Flyers Rights” поднесе тужба во која наведува дека авиокомпаниите, поради профит, додаваат повеќе седишта во кабините на леталата, а димензиите на постоечките ги намалуваат. Пред се, ова ги загрозува процедурите за безбедна евакуација во случај на опасност, велат оттаму.

ФАА како одговор на судскиот налог наведува дека нема ниту еден доказ дека помалите седишта влијаат на непосредна опасност, дека не треба да се носат нови закони, и дека поголемиот број седишта не е пречка за евакуација во случај на опасност. Образложението е дека за успешна евакуација, најважна е вратата за излез, а не големината на седиштата.

Инаку, произведувачите на авиони, пред одобрување на секој нов модел, имаат обврска да докажат дека авионот може да се евакуира за 90 секунди.