Времето во државава денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во југозападните делови ќе има појава на локален дожд со ретки грмежи.
Ќе дува слаб до умерен, а во североисточните делови краткотрајно засилен североисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. УВ=6
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Синоптичарите за утре прогнозираат повремен локален дожд со ретки грмежи, претежно во југозападните делови. Во деновите потоа ќе биде малку до умерено облачно. Од утре ќе дува и слаб до умерен, а на места краткотрајно засилен ветер најчесто од североисточен правец.