Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со заменик – градоначалникот на град Скопје, Енвер Малиќи, денеска ќе бидат домаќини на претставниците на дипломатскиот кор и други гости, на настанот во организација на Секретаријатот за европски прашања, на кој во рамки на кампањата „Заедно кон ѕвездите“.

Се планира прошетка низ Скопската чаршија, со професионален туристички водич, со што ќе се промовираат знаменитостите на градот под мотото „Скопје на мапата на Европа“.

Настанот ќе се одржи пред МК-ЕУ Инфо Центарот на Секретаријатот за европски прашања на централниот плоштад.